
Активностите за уредување и враќање на јавните површини во првобитна состојба повторно се тема на јавна расправа во Општина Аеродром, по објава на социјалните мрежи дека е отстранет објект што бил изграден без соодветна дозвола кај познат скопски ресторан.
Во Фејсбук групата „Општина Аеродром – Пријави проблем“, анонимен корисник сподели информација дека била отстранета дивоградба кај ресторанот „Еквилибриум“, при што, како што се наведува, бил ослободен узурпиран јавен простор, објави 4news.mk Во објавата се повикува надлежните да продолжат со постапување и кон други слични случаи на територијата на целата општина.























