УТРО.мк

Андоновски: Порталот за услуги со рекорден раст станува главна дигитална алатка за граѓаните

Андоновски: Порталот за услуги со рекорден раст станува главна дигитална алатка за граѓаните
Vero

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Порталот за услуги бележи значителен напредок и се позиционира како централна платформа за електронски услуги во државата.

Во гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, Андоновски посочи дека според податоците за 2025 година, Порталот за услуги има 290 проценти раст на издадени услуги и 166 проценти раст на корисници, што, како што нагласи, е јасен показател дека граѓаните сè повеќе ја користат оваа дигитална алатка.

„Со 290% раст на издадени услуги и 166% раст на корисници во 2025, Порталот за услуги е најкористената дигитална алатка во државата и претставува средиште на електронските услуги за граѓаните. Успешноста ја мериме преку бројки и задоволен сум од начинот на кој граѓаните го препознаваат и го користат порталот“, изјави Андоновски.

Тој истакна дека платформата постојано се надградува, при што месечно се воведуваат од три до четири нови услуги, кои се меѓу најкористените од страна на граѓаните.

„Денес имаме портал кој генерира три до четири нови услуги месечно, а токму тие услуги се најчесто користени од граѓаните“, додаде министерот.

Андоновски се осврна и на предизвиците во процесот на дигитална трансформација, нагласувајќи дека постојат институции кои работат со забрзано темпо, но и такви кои заостануваат поради недоволно развиени процеси или отпор кон дигитализацијата.

Тој потенцираше дека дигитализацијата мора да биде заедничка обврска на сите институции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран