УТРО.мк

ВИДЕО – ТРАМП СО ПОРАКА ДО ИРАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ГАРДА: Операцијата „Епски бес“ започна –  Предадете се или „ќе се соочите со сигурна смрт“

ВИДЕО – ТРАМП СО ПОРАКА ДО ИРАНСКАТА НАЦИОНАЛНА ГАРДА: Операцијата „Епски бес“ започна –  Предадете се или „ќе се соочите со сигурна смрт“
Vero

Соединетите Американски Држави започнаа голема воена операција против Иран под кодно име „Epic Fury“, насочена кон уништување на иранските ракетни системи и поморски капацитети. Операцијата, според Вашингтон, ќе трае неколку дена и претставува најголем директен воен удар врз Иран во последниот период.


Американскиот претседател Доналд Трамп во обраќање порача дека припадниците на Иранската револуционерна гарда треба да ги положат оружјата и да се предадат, ветувајќи им имунитет, во спротивно – како што рече – ќе се соочат со „сигурна смрт“.


Нападите следуваат по израелски удари врз цели во Техеран, при што биле погодени објекти поврзани со безбедносниот и нуклеарниот сектор на Иран. Заедничката акција има за цел целосно да ја неутрализира иранската ракетна инфраструктура.


Иран веќе најавува силен одговор, а во меѓувреме се пријавени и ракетни лансирања кон Израел. Американските власти предупредија дека е можно да има и американски жртви, нагласувајќи дека станува збор за долгорочна операција.


Апел до иранските граѓани
Трамп ги повика и цивилите да останат во засолништа, додавајќи дека по завршувањето на нападите „ќе имаат шанса да ја преземат власта“.

Ситуацијата на Блискиот Исток влегува во нова, многу поопасна фаза, со ризик од директна конфронтација и проширување на конфликтот во целиот регион.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран