УТРО.мк

ТЕЖОК УДАР ВРЗ ВОЕНИОТ ВРВ НА ИРАН:Ликвидиран иранскиот министер за одбрана Амир Хатами

ТЕЖОК УДАР ВРЗ ВОЕНИОТ ВРВ НА ИРАН:Ликвидиран иранскиот министер за одбрана Амир Хатами
Vero

Неофицијални информации потврдуваат дека Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, е убиен во рамки на утринските напади поврзани со ескалацијата меѓу Израел и Иран. Според информациите, ликвидацијата се случила како дел од поширока воена операција насочена кон клучни структури на иранската безбедносна и воена команда.


Овој развој доаѓа по серија удари врз објекти во Техеран, вклучително и локации поврзани со највисокото раководство на државата, што укажува на драматично проширување на конфликтот.


Ликвидацијата на висок воен функционер претставува сериозен удар за иранската командна структура и може да предизвика силен одговор од Техеран. Воените аналитичари предупредуваат дека ваков потег значително го зголемува ризикот од директна регионална конфронтација.


Во меѓувреме, американските сили остануваат во висока борбена готовност во источниот Медитеран, со засилено присуство на воздухопловни и поморски единици.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран