УТРО.мк

Омерагиќ: Соработката со регионот е клучна за развој на македонскиот фудбал

Омерагиќ: Соработката со регионот е клучна за развој на македонскиот фудбал
Vero

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во „Куќа на фудбалот“ оствари средба со директорот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ, при што беа разменети искуства и идеи за унапредување на фудбалот.

Како што информира Омерагиќ, на состанокот било разговарано за организацијата, стручната поставеност и развојните процеси во националните селекции, со посебен акцент на работата со младинските категории и интеграцијата на талентираните играчи од дијаспората.

Тој го истакнал позитивниот пример на босанската репрезентација, предводена од селекторот Сергеј Барбарез, која во изминатиот период бележи напредок благодарение на системската работа.

„Ваквите средби се значајни за размена на знаења и зацврстување на регионалната соработка, која е важна за развојот на фудбалот“, истакнал Омерагиќ.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран