УТРО.мк

Омерагиќ: Посетата на Чеферин е потврда за силната поддршка од УЕФА

Омерагиќ: Посетата на Чеферин е потврда за силната поддршка од УЕФА
Vero

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, денеска соопшти дека земјава е домаќин на првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин.

Според Омерагиќ, посетата претставува јасна потврда за силната соработка и континуираната поддршка што македонскиот фудбал ја добива од УЕФА.

„Ќе разговараме за конкретни чекори за унапредување на фудбалот, почнувајќи од инфраструктурните проекти, па сè до развојот на младинските категории“, истакна Омерагиќ.

Тој нагласи дека ФФМ останува посветена на реализација на јасна стратегија за напредок, со фокус на подобрување на условите и создавање нови можности за младите фудбалери.

Посетата на Чеферин се оценува како значаен момент за македонскиот фудбал, кој има за цел дополнително да ја зајакне својата позиција на европската сцена преку партнерство и поддршка од УЕФА.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран