
Во Вашингтон е најавен амбициозен проект во чест на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави, при што Белата куќа го претстави и официјалното име на идниот споменик: „Триумфалната капија на Соединетите Американски Држави“.
Според објавените планови, монументот е замислен како импресивна градба висока околу 250 стапки, односно повеќе од 76 метри, што веднаш го става значително над прочуената Триумфална капија во Париз, висока 50 метри.























