УТРО.мк

Москва призна грешка: Руски ПВО систем урнал цивилен авион

Москва призна грешка: Руски ПВО систем урнал цивилен авион
Vero

Москва официјално потврди дека руски систем за противвоздушна одбрана ненамерно соборил азербејџански патнички авион на 25 декември 2024 година, при што загинаа 38 лица.

Според заедничката изјава на министерствата за надворешни работи на Русија и Азербејџан, станува збор за „ненамерен“ инцидент. Двете страни соопштија дека постигнале договор за справување со последиците, вклучително и компензација, но без да откријат конкретни детали.

Авионот од типот „Ембраер 190“, кој летал од Баку кон Грозни, бил погоден од системот „Панцир-С“ над Чеченија додека се приближувал за слетување. Според руските власти, во тој момент се одбивал напад од украински беспилотни летала.

По оштетувањето, екипажот побарал итно слетување во блиските руски градови, но не добил дозвола. Леталото потоа продолжило кон Казахстан, каде што се урнало во близина на градот Актау, по прелетувањето на Каспиското Море.

Во авионот имало 67 лица, од кои 62 патници и пет члена на екипажот. Несреќата ја преживеале 29 лица.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран