УТРО.мк

„Безбеден град“ регистрира 19.066 сообраќајни прекршоци во текот на февруари

„Безбеден град“ регистрира 19.066 сообраќајни прекршоци во текот на февруари
Vero

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на февруари, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 19.066 сообраќајни прекршоци на територијата на градовите и долж главните коридори каде се поставени камери.

Од вкупниот број на прекршоци, најголем дел се за брзо возење – 18.172 случаи, додека минување на затворен сигнал (црвено светло) е забележано кај 220 возачи. Дополнително, 674 прекршоци се за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

МВР истакнува дека во февруари се изречени вкупно 653 мерки за забрана за управување со возило, од кои 220 се за возачи кои поминале на црвено, а 433 за прекршители на ограничувањата на брзината.

Анализата по седмици покажува дека најмногу прекршоци биле регистрирани од 2 до 8 февруари – 4.991, а најмал број во периодот од 9 до 15 февруари – 4.490. Највисок дневен број на прекршоци е забележан на 28 февруари, додека најмал на 11 февруари со 377 прекршоци. Дневниот просек за месецот изнесува 706 прекршоци.

Град Скопје доминира со бројот на прекршоци – 12.073, што претставува 63,3% од вкупниот број. Следат патните правци долж Коридорите 8 и 10, каде се регистрирани 5.702 прекршоци, додека најмал број е забележан во подрачјето на СВР Тетово – 370 и други локации – 17.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран