УТРО.мк

Дејан Проданоски: Младите спортисти се гордоста на Прилеп

Дејан Проданоски: Младите спортисти се гордоста на Прилеп
Vero

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп и Општина Прилеп, денеска беа доделени награди и признанија на учениците и училиштата кои ја освоија титулата општински прваци во 20 спортски категории за учебната 2025/2026 година.

Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека младите спортисти се вистинска гордост на градот, нагласувајќи дека нивниот успех е резултат на посветена работа, труд и континуирана поддршка.

Во текот на изминатата година беа реализирани бројни натпревари во различни спортски дисциплини, со масовно учество на ученици од основните и средните училишта. Дополнително, беа организирани и повеќе спортски манифестации, што, според надлежните, покажува дека училишниот спорт во Прилеп има стабилен развој, квалитет и континуитет.

Проданоски нагласи дека освоените пехари и признанија се доказ за системската работа, како и за вложениот труд на учениците, наставниците и менторите, но и за поддршката од училиштата и семејствата. Тој додаде дека спортот игра важна улога во воспитувањето на младите, развивајќи дисциплина, тимски дух, почит и истрајност.

Градоначалникот им честиташе на сите наградени ученици и училишта, како и на Сојузот на училишен спорт за нивната посветеност и придонес.

Од Општина Прилеп најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со активна поддршка на училишниот спорт, со фокус на подобрување на условите за спортување, модернизација на спортската инфраструктура и создавање нови можности за развој на младите таленти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран