УТРО.мк

Макрон: Франција ќе обезбеди нуклеарен чадор за Европа

Макрон: Франција ќе обезбеди нуклеарен чадор за Европа
Vero

Претседателот на Емануел Макрон во голем говор најави нова стратегија за нуклеарно одвраќање, со која Франција ќе обезбеди т.н. „нуклеарен чадор“ за европските сојузници.

Макрон истакна дека Франција ќе ја прошири својата улога во европската безбедност, при што дел од француското нуклеарно оружје може да биде распоредено и во други европски земји како дел од концептот за „напредно одвраќање“.

Како клучни партнери во оваа иницијатива, тој ги посочи Обединетото Кралство, Германија, Полска, Холандија, Белгија, Грција, Шведска и Данска.

Францускиот претседател нагласи дека оваа политика има за цел да ја зајакне европската стратешка автономија и да обезбеди поголема сигурност во услови на зголемени геополитички тензии.

Според него, Европа мора да биде подготвена самостојно да ја гарантира својата безбедност, особено во време на неизвесности во глобалниот безбедносен поредок.

Засега нема официјални детали за точните локации или временската рамка за евентуалното распоредување на француското нуклеарно оружје надвор од територијата на Франција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран