
На 1 март 2026 година во 22:52 часот, СВР Скопје доби пријава за пукање во населбата Чаир. Според информациите, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Нема пријавени повредени лица, а полициските службеници на местото на настанот подигнале осум чаури.























