
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (03.03.2026) делови од Тетово и околните населени места ќе останат без електрична енергија во одредени временски периоди.
Како што информираат надлежните, прекините ќе се реализираат според следниот распоред:
• Во село Ораше, делот од влезот во селото кон џамијата ќе биде без струја од 09:00 до 14:00 часот.
• Во Тетово, дел од населбата Дреновец ќе остане без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот.
• Во село Горно Седларце, објектите на излезот од селото ќе бидат без струја од 09:30 до 14:00 часот.
• Во Тетово, делот кај населба Цетинска и околу стадионот ќе биде без електрична енергија во периодот од 09:35 до 10:15 часот.























