УТРО.мк

Јавен повик во Битола за поддршка на млади спортисти од ранливи категории

Јавен повик во Битола за поддршка на млади спортисти од ранливи категории
Vero

Општина Битола со средства од локалниот буџет ќе поддржи спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории.

Од Општина Битола информираат дека за оваа активност обезбедени се 100.000 денари, а може да ја користат деца со попреченост и деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош.

Евалуацијата на апликациите ќе ја врши посебна општинска комисија, а доделените средства ќе се мониторираат за секое дете посебно врз основа на месечен извештај од клубот со кој се потврдува најмалку 50 проценти учество на детето на тренинзи организирани од клубот. 

Јавниот повик е отворен до 13 март, до кога до Општина Битола родителите на деца од ранливи категории треба да достават комплетна документација, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран