УТРО.мк

Андоновски од Барселона: „Роаминг како дома“ приоритет за дигиталната трансформација

Андоновски од Барселона: „Роаминг како дома“ приоритет за дигиталната трансформација
Vero

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, престојува во Барселона, Шпанија, каде учествува на Mobile World Congress (MWC26) – најголемиот глобален настан во областа на мобилните комуникации и дигиталните технологии.

Настанот ги обединува креаторите на политики, претставници на телекомуникациската индустрија и водечки компании од областа на мобилните уреди и дигиталните решенија, со цел размена на идеи и креирање на идните насоки за дигитален развој.

Во рамки на посетата, Андоновски активно лобира за имплементација на принципот „роаминг како дома“, кој предвидува намалување на трошоците за користење мобилни услуги во странство и нивно усогласување со европските стандарди.

Тој учествуваше и на GSMA Ministerial Programme, каде се дискутираше за клучни теми како што се поврзливоста, развојот на дигиталната инфраструктура, сајбер безбедноста и идните мрежни технологии.

„Ова е најголемиот светски настан во оваа област, каде заедно со владини претставници и приватниот сектор разговараме за прашања од значење за граѓаните. Проектот ‘Роаминг како дома’ останува наш приоритет, со цел граѓаните да имаат пониски цени за мобилни услуги, СМС и интернет во Европската Унија“, изјави Андоновски.

Тој додаде дека постои значителна поддршка од меѓународните партнери и разбирање од телекомуникациските оператори за реализација на оваа иницијатива.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран