УТРО.мк

Влатко Лозаноски-Лозано ја објави новата песна „Среќен пат“ пред концертот на 7 март

Влатко Лозаноски-Лозано ја објави новата песна „Среќен пат“ пред концертот на 7 март
Vero

Влатко Лозаноски-Лозано ја претстави својата најнова песна „Среќен пат“, само неколку дена пред својот солистички концерт закажан на 7 март во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Песната е емотивна балада која носи искрена приказна и повторно ја изненадува публиката со силниот вокал на Лозано.

Текстот е дело на младата артистка Луна Ристиќ, музиката ја потпишува Гоце Симоноски, а аранжманот е дело на Лазар Цветкоски. За потребите на песната е снимен и видеоспот, режиран од Гордан Божиновски и Верица Донев Божиновска, со главни улоги на актерите Катерина Јовановиќ и Метин Ибрахим, кои ја доловија приказната на песната.

„Ми значи многу оваа песна и едвај чекав да ја споделам со публиката. За многу скоро подготвувам уште едно изненадување – нова песна во соработка со драги колеги од естрадата“, изјави Лозано.

Се бројат последните денови до концертот на 7 март, каде Лозано и неговиот тим ветуваат големо музичко шоу. Влезниците за настанот сѐ уште се достапни на www.kupikarta.com.

Спорот може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран