УТРО.мк

Утре дел од Тетово и село Желино без електрична енергија

Утре дел од Тетово и село Желино без електрична енергија
Vero

Тетово, 1 март 2026 – Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, утре (2 март 2026 година) без електрична енергија ќе останат делови од Тетово и од тетовското село Желино.

Според најавата, во село Желино прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат објекти кои се наоѓаат во центарот на селото.

Во Тетово, пак, прекинот е предвиден од 09:00 до 14:30 часот, при што без напојување ќе остане дел од улицата „Вонвардарска“.

Надлежните информираат дека станува збор за планиран прекин со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на снабдувањето со електрична енергија. Се апелира до граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да преземат соодветни мерки за заштита на електричните уреди.

Доколку работите завршат пред предвидениот рок, електричната енергија ќе биде пуштена порано.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран