УТРО.мк

Трамп најавува разговори со новото иранско раководство

Трамп најавува разговори со новото иранско раководство
Vero
trump
trump

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новото раководство на Иран има интерес да воспостави контакти со неговата администрација и дека тој се согласил да преговара со нив.

„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам. Требаше да го сторат тоа порано, многу практично и лесно беше да се направи порано. Чекаа предолго“, рече Трамп во интервју за списанието Атлантик, без да открие точен датум за разговорите.

Претходно, во интервју за Фокс њуз, тој истакна дека американско-израелските операции во Иран довеле до смрт на 48 ирански лидери. „Никој не може да поверува во успехот што го имаме. 48 лидери исчезнаа одеднаш. Сè се одвива брзо“, нагласи Трамп.

Во интервју за Си-Ен-Би-Си, тој оцени дека операцијата се одвива „пред предвидениот рок“, без да навлегува во дополнителни детали.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран