
Бројот на македонски државјани кои се наоѓаат во загрозените подрачја на Блискиот Исток и бараат асистенција за безбедно враќање дома нагло расте. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) соопшти дека до овој момент повеќе од 150 наши граѓани веќе стапиле во контакт со дипломатските претставништва во регионот.
МНР во постојан контакт со граѓаните
Од Министерството уверуваат дека со сите пријавени лица се одржува редовна комуникација. Во тек се подготвителни активности за нивна евентуална евакуација, во зависност од развојот на воената и безбедносната состојба на теренот.
„Амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби се целосно мобилизирани. Ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во овој регион доследно да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни органи“, апелираат од МНРНТ.
Кризен штаб достапен 24/7
Поради сериозноста на ситуацијата, од вчера во рамките на Министерството функционира посебен кризен штаб. Ова тело е задолжено за координација на сите постапки поврзани со заштита на нашите државјани и е на располагање 24 часа дневно.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566























