УТРО.мк

Меџити: Чаир гради стратешко партнерство со општина од Истанбул

Меџити: Чаир гради стратешко партнерство со општина од Истанбул
Vero

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со градоначалникот на општината Каѓитане од Истанбул, Мевлут Озтекин, придружуван од негови соработници и советници.

Како што информира Меџити, Каѓитане важи за една од најдинамичните и стратешки значајни општини во Истанбул, што го прави воспоставувањето на партнерство важен чекор за идниот развој на Чаир.

На средбата се разговарало за унапредување на меѓуопштинската соработка, размена на институционални искуства и реализација на заеднички проекти, со посебен акцент на соработката со граѓанскиот сектор. Притоа, била истакната важноста од иницијативи кои го поддржуваат локалниот развој, културата и младите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран