УТРО.мк

Здружението на судии бара итно одмрзнување на судските примања или следат протести

Здружението на судии бара итно одмрзнување на судските примања или следат протести
Vero
sud
sud

Судскиот корпус во земјава е на работ – ова денес го истакна Здружението на судиите на Република Македонија (ЗСРМ). Од организацијата објавија дека поднеле дополнување на својата иницијатива до Уставниот суд, со која бараат оценка на уставноста на најновите измени во Законот за платите на судиите, усвоени на 25 февруари 2026 година. Причината: судиските примања трета година по ред остануваат замрзнати, што според нив, е недозволиво „уривање“ на целиот судски систем.

Според ЗСРМ, ситуацијата е алармантна и со оглед на тоа најавуваат дека ако процесот продолжи во сегашна линија, судиите ќе пристапат кон видливи форми на протест, кои нема да бидат само декларативни.

Во соопштението, ЗСРМ ги истакна своите главни услови за спас на судството:

  • Веднаш укинување на измените во Законот за платите, со цел да се „одмрзнат“ примањата на судиите.
  • Зголемување на платите на судската администрација, која масовно ја напушта професијата поради ниски плати.
  • Објавување конкурси за нови вработувања во судовите, со цел да се задржи функционирањето на правосудниот систем.

Судиското здружение остро ги критикува пратениците, обвинувајќи ги дека новите законски решенија ги изгласале брзо, нетранспарентно и спротивно на уставните одредби, особено на членот 32 од Уставот. Според нив, со тоа се омаловажува улогата на судиите и се создава правна несигурност.

„Секако дека сите граѓани се незадоволни од економската ситуација и од институциите воопшто, но како излез мора да биде владеењето на правото – не уривање на уставот преку намалување на платите на мала група граѓани“, порачуваат од ЗСРМ.

Во обид да ја разјаснат јавната дебата за нивните плати, здружението појасни дека со последното зголемување од 78%, просечната плата на судиите во прв степен изнесува околу 86.000 денари. Доколку не беше тоа покачување, тие би добивале плата на ниво на државниот просек, нешто над 50.000 денари, што според судиите е значително пониско од просекот во регионот и во ЕУ.

Дополнително, тие укажуваат дека одливот на кадар од судската администрација, поради ниски плати и неисплатени додатоци, дополнително го оптоварува правосудниот систем – што пак директно влијае на граѓаните кои чекаат да им се решат предметите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран