
Делoви од Тетово и неколку населени места во тетовскиот регион утре (16 март 2026 година) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Според најавата, прекините во Тетово ќе започнат од 08:45 часот и ќе траат до 12:00 часот во делови од градот, односно во населбите Деребој и на патот кон селото Фалише. Во истиот термин без струја ќе останат и повеќе деловни објекти, меѓу кои Албмил, АТА, Шампион, Млин Фалише Арт, Нијази, Интерфантази, Бош, Терзија, Згими, Шарско Јагне, Пупунца, Бели 9, Халгул, Адили и АК.
Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе биде и Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, додека од 09:00 до 14:00 часот прекин е најавен и на улицата „Штипска“, како и во делови од градот во близина на населбата Цетинска и градскиот стадион.
Планирани прекини ќе има и во околните населени места. Во селото Горно Седларце делови од населеното место и објектите на Меваип Јакупи и Циле Цау ќе бидат без струја од 08:45 до 14:30 часот.
Во селото Слатино, пак, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат објектите кај Киселата Вода над Долната џамија.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија од 09:30 до 14:00 часот е најавен и во делови од селата Шемшево и Непроштено, односно во близина на фудбалското игралиште.
Од надлежните апелираат граѓаните да ги прилагодат своите активности согласно најавените прекини.























