УТРО.мк

Делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

Делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини
Vero

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (17.03.2026) делови од Скопје и околните населени места ќе бидат без електрична енергија во одредени временски периоди.

Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците од село Булачани, поточно на ул. 2 бр.7 и околните куќи.

Од 08:30 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од населбата Аеродром, односно дел од улицата Тодор Чангов – броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица Тодор Чангов.

Во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Франц Розман.

Планиран прекин од 09:00 до 16:00 часот ќе има и во селата Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран