
Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани изразуваат незадоволство од начинот на кој се одвива судскиот процес, посочувајќи дека постапката е пренатрупана и недоволно јасно ја разграничува одговорноста.
Според нив, по толку месеци од трагедијата, очекувале појасна структура во процесот и утврдување на тоа кој сноси директна одговорност за настанот.
„Судскиот процес започна, но според нас, родителите, изгледа некако пренатрупан и со работи кои требаше однапред да бидат разграничени“, велат тие.























