
По пробивањето на патот до планинското село Галичник, екипите моментално работат на дорасчистување на критичните делови кај Смрдливи вирови и Фрчец. Од таму предупредуваат дека и покрај отворањето на патот, возачите мора да бидат внимателни и да ја зголемат претпазливоста. На некои делови сè уште се присутни поголеми снежни наноси, а нестабилните временски услови може да предизвикаат и одрони.
Временската прогноза за следната недела носи нови предизвици, особено во среда се очекуваат свежи врнежи од снег кои можат повторно да ја влошат состојбата на патот.























