
Европската унија ја предупреди САД за нивната одлука да ја олеснат санкциската политика кон рускиот извоз на нафта, што според високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас, претставува „опасен преседан“.
Калас потенцира дека секоја мерка која ѝ овозможува на Русија да добие повеќе финансиски средства за војување е контрапродуктивна и предупреди дека глобалните кризи на Блискиот Исток не смеат да го одвлекуваат вниманието од конфликтот во Украина.
Таа не понуди конкретни алтернативи за обезбедување на светскиот енергетски пазар, но истакна дека затворањето на Ормускиот теснец може да биде во интерес на сите страни, вклучително и на Русија.























