УТРО.мк

Подметнат пожар на приватен имот, едно лице во уапсено

Подметнат пожар на приватен имот, едно лице во уапсено
Vero

Лишено од слобода лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот, следува пријава

На 15.03.2026 во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле опожарени дрва. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема.

Д.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран