
Дел од жителите во Скопје утре ќе останат без вода поради планирана интервенција во водоводната мрежа. Прекинот ќе ги зафати дел од корисниците на улицата Железничка и објектите во близина на „Неуромедика“.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник од Ф100 милиметри на улицата Железничка број 66.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот наутро и ќе трае до завршување на работните активности, односно до целосно завршување на интервенцијата на мрежата.























