УТРО.мк

Ново Лисиче добива нови пешачки и јавни површини

Ново Лисиче добива нови пешачки и јавни површини
Vero

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денес лично го посети централниот дел на населбата Ново Лисиче, каде се одвиваат обемни градежни работи за реконструкција на јавните и пешачките површини кај зградите 39, 41 и 43. Дотраените и оштетени плочки се заменуваат со современи павер-елементи, што ќе го трансформира просторот во безбеден и пријатен амбиент за секојдневно движење на граѓаните.

Со оваа обнова ќе се освежат околу 2.500 квадратни метри простор, кој интензивно го користат жителите на населбата. Проектот не само што го подобрува изгледот на околината, туку создава и пофункционално и уредено место за социјални и рекреативни активности.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран