УТРО.мк

Портпаролката на Белата куќа: „Иран не представува закана за САД“

Портпаролката на Белата куќа: „Иран не представува закана за САД“
Vero

Портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, јасно ги демантираше тврдењата на американската телевизија Еј-Би-Си, која претходно објави дека постои „реална закана“ од напад со беспилотни летала од Иран врз Калифорнија. Ливит нагласи дека извештајот е неточен и го повика медиумот веднаш да ја повлече својата сторија.

Според објавата на Еј-Би-Си, ФБИ испратило предупредување до полициските станици на западниот брег за „потенцијален ирански напад со беспилотни летала“. Ливит објасни дека медиумот ја искористил е-поштата со непотврдени информации, при што дури и самата е-пошта јасно посочува дека станува збор за непроверени податоци, но тоа не било пренесено во известувањето на телевизијата.

„Да бидеме јасни: Нема, и никогаш не е имало, никаква закана од Иран за нашата земја“, напиша Ливит, што е директно спротивно на изјавите на претседателот Доналд Трамп, кој долго време ја користеше „иранската закана“ како оправдување за потенцијални воени акции.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран