
За време на официјалната посета на Норвешка, германскиот канцелар Фридрих Мерц категорично истакна дека Германија нема намера да се вклучи во конфликтот во Иран. „Нашата земја не е дел од војната во Иран и не сакаме да бидеме вмешани во такви активности“, нагласи Мерц.
Во контекст на стратешкиот Ормуски Теснец, тој додаде дека засега нема планови за обезбедување воена заштита на овие клучни морски патишта.
Истовремено, Мерц откри дека германската влада за прв пат дознала за одлуката на САД да ги укинат нафтените санкции против Русија само утрово, кога Вашингтон овозможил увоз на блокираната руска нафта и нафтени деривати.























