УТРО.мк

Проданоски: Пожарот на депонијата кај Алинци е ставен под контрола

Проданоски: Пожарот на депонијата кај Алинци е ставен под контрола
Vero

Пожар избувна денеска околу 14 часот на градската депонија кај Алинци во Прилеп, по што на терен веднаш интервенирале повеќе служби и институции.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, информираше дека веднаш по добиената информација на местото на настанот пристигнале екипи на Територијалната противпожарна единица – Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, како и екипи на ЈКП „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, со механизација и работна сила. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и неколку општествено одговорни компании.

Според Проданоски, пожарот во моментов е ставен под контрола, а екипите продолжуваат со активности за негово целосно гаснење и спречување на евентуално ширење на огнот.

Тој апелираше до граѓаните да не шират непроверени информации на социјалните мрежи, туку да ги следат официјалните соопштенија од надлежните институции, со цел да се избегне непотребна паника.

По теренскиот увид бил одржан и координативен состанок со Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој биле утврдени насоките за понатамошно делување на сите релевантни институции.

Поради безбедно одвивање на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола, вечерва ќе биде зголемено присуството и контролата на сообраќајната полиција.

Проданоски истакна дека настанот уште еднаш ја потврдува потребата од трајно и системско решение за управување со отпадот, односно изградба на регионална депонија со современи стандарди, со цел заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран