УТРО.мк

Костадиноски: Се поставува атмосферска канализација во Јегуновце

Костадиноски: Се поставува атмосферска канализација во Јегуновце
Vero

Во тек е изведба и поставување на атмосферска канализација на улица во населено место Јегуновце, информира градоначалникот на општината, Димитар Костадиноски.

Според него, овој инфраструктурен зафат е од големо значење за подобрување на одводнувањето на атмосферските води и спречување на поплавување при пообилни врнежи.

Костадиноски посочи дека по завршувањето на оваа фаза ќе следи поставување на нов слој асфалт, како и изградба на тротоарска патека.

Со овие активности значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

„Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населени места во општината“, истакна Костадиноски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран