УТРО.мк

Коњановски: Се реконструира патот до црквата во битолското село Ротино

Коњановски: Се реконструира патот до црквата во битолското село Ротино
Vero

Започна реконструкцијата на улицата во селото Ротино, односно на патот што води до црквата, со што се подобрува пристапот до овој дел од населеното место.

Увид во текот на градежните работи денеска изврши градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заедно со одговорните лица вклучени во реализацијата на проектот.

Според проектната документација, должината на патот изнесува 706 метри, со ширина од 3 метри и банкини од двете страни. По поставувањето на тампонирана подлога со дебелина од 25 сантиметри, ќе следи асфалтирање.

Планирано е асфалтниот слој да биде со дебелина од 7 сантиметри, а вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.119 квадратни метри.

Вкупната вредност на проектот е 5.185.870 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт во рамки на вториот владин повик, на кој Општина Битола доби одобрение за најголем број проекти.

Од локалната самоуправа посочуваат дека реконструкцијата е дел од заложбите за подобрување на инфраструктурата и условите за живот и во руралните средини.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран