УТРО.мк

Објавен списокот за ваучери за инвертер клими од Министерството за енергетика

Објавен списокот за ваучери за инвертер клими од Министерството за енергетика
Vero

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави списокот на граѓани кои ги исполниле условите од Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред.

Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаат домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на Министерството. Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде треба да ги подигнат ваучерите. На веб-страницата на Министерството е објавена и потребната документација, како и деталите за постапката за подигнување.

Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата.

Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Министерството најави дека во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе можат да изберат клима уред од понудите на овие компании без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

Од Министерството потсетуваат дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година и претставува завршна фаза од постапката за реализација на поддршката.

Во рамки на овој повик се доделуваат вкупно 4.070 ваучери, со цел да се помогне на ранливите категории граѓани да ги намалат трошоците за енергија и да се подобри енергетската ефикасност во домаќинствата.

Списокот може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран