УТРО.мк

Битола доби безбедни велопатeки – голем чекор напред според „Битола на точак“

Битола доби безбедни велопатeки – голем чекор напред според „Битола на точак“
Vero

Градот Битола доби нови и безбедни велосипедски патеки, што значително ја подобрува инфраструктурата за сите точкаџии. Иницијативата „Битола на точак“ оцени дека ова е голем напредок во однос на претходната состојба.

Половина од патеките се на улиците „Партизанска“ и „Генерал Васко Карагелевски“, каде претходно имаше распаднати тротоари од крајот на 70-тите години, кои само беа крпени. Велосипедистите мораа да се движат по коловозот, изложени на опасност од автомобили, камиони и автобуси.

Сега е изграден нов тип на безбедна инфраструктура, каде велопатеките се одвоени од коловозот или целосно реновирани. Иако секогаш може подобро, според „Битола на точак“, ова претставува значаен чекор напред.

„За кратко време, возачите ќе сфатат дека побрзо ќе се движат низ градот ако користат вело ленти, отколку да чекаат во гужвите“, велат од иницијативата, додавајќи дека уште подолги велопатeки би биле голема придобивка за Битола.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран