Денес, 29 јули 2025 година, избувна првиот голем пожар на отворено оваа летна сезона, кој го зафати селото Јосифово во Општина Валандово. Поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се прошири и ја загрози блиската населба.
На терен интервенираат Територијалните противпожарни единици од Валандово, со четири возила и седум пожарникари, како и од Гевгелија со едно возило и три пожарникари. Во гаснењето се вклучи и хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи, кој веќе е во воздух и се упатува кон местото на пожарот.
Покрај ова, побарани се и дополнителни копнени сили, како човечки ресурси, така и возила, за да се стави под контрола пожарот што се шири во неповолни временски услови.