УТРО.мк

Бесплатен превоз во Тетово од март – ова се условите

Бесплатен превоз во Тетово од март – ова се условите
Vero

Од март годинава, јавниот градски превоз во Тетово ќе биде бесплатен за граѓаните кои немаат неизмирени обврски кон Општина Тетово. Мерката нема да важи за сите, туку само за оние што ги подмириле своите долгови и ќе аплицираат за соодветна картичка.

Градоначалникот Биљал Касами информира дека право на бесплатен превоз ќе имаат граѓаните кои ги имаат регулирано сите обврски кон општината. Аплицирањето ќе се врши дигитално, како за поединци така и за членовите на семејството што живеат на иста адреса. По одобрувањето, картичката ќе се подигнува лично во „Тетово Транспорт“, по што превозот ќе биде бесплатен.

Според директорот Арлинд Пјазити, системот се модернизира и дигитализира, со воведување три типа картички: бесплатна за граѓани без долгови, ученичка картичка и картичка што може да се дополнува за патување. Сите ќе се издаваат преку официјалната апликација на Општина Тетово.

Бесплатниот превоз нема да важи за линијата до Попова Шапка, со оглед дека таа е надвор од градското подрачје, но носителите на картички ќе добијат попуст за оваа релација.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран