УТРО.мк

Димовски: Да не си ја предаваме сами историјата заборавајќи ги македонските великани

Димовски: Да не си ја предаваме сами историјата заборавајќи ги македонските великани
Vero

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска потсети на одбележувањето на првото ослободување на Благоевград (Горна Џумаја) од Отоманската империја во 1878 година.

Тој посочи дека главнината и најтешките операции во тој период ги воделе локални македонски чети, предводени од истакнати војводи и револуционери од цела територија на Македонија, меѓу кои Димитар Поп Георгиев Беровски, Константин Поп Георгиев Беровски, Дедо Илјо Малешевски, Ѓорѓија Пулевски, Стојан Карастоилов, Спиро Костов, Златко Стојанов, Николчо Македонски, Арсени Костенцов и Костадин Поп Стојанов.

Димовски нагласи дека дел од овие личности имаат значајно место во македонската историја, посочувајќи дека Димитар Поп Георгиев Беровски има и споменик на плоштадот во Скопје.

„Кога ќе сакаат да ни ја земаат историјата, запрашајте се, да не случајно, заборавајќи ги и неславајќи ги великаните на Македонија, си ја предаваме сами таа историја“, порача Димовски.

Со својата објава, поранешниот пратеник повика на поголема историска свесност и оддавање почит кон македонските револуционери кои учествувале во борбите за ослободување во втората половина на 19 век.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран