
Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин.
„Не гледам основ за извинување кога сум изнела факти хронолошки и професионално, но ако за нив вистината е навреда, тоа е веќе нивен проблем, не мој“, истакна Кадриу.
Таа потенцира дека секогаш се водела од принципите на професионалност и одговорност во својата работа, додавајќи дека јавноста има право да биде информирана за сите релевантни околности поврзани со предметите на кои работела.























