УТРО.мк

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО САРАЕВО: Едно лице загина, 17 годишно девојче остана без нозе

СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО САРАЕВО: Едно лице загина, 17 годишно девојче остана без нозе
Vero

Најмалку едно лице загина, а неколкумина беа повредени откако трамвај излета од шините во четвртокот во центарот на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, јавува Анадолу.

Несреќата се случила околу пладне спроти Музејот на Босна и Херцеговина, во трамвај што сообраќал на релација од железничката станица до Скендерија.

Тим на АА од местото на настанот известува дека најмалку едно лице загинало, а неколку други се повредени. Оваа информација за босанските медиуми ја потврди Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.

По излетувањето од шините, трамвајот завршил на коловозот, со што сообраќајот во овој дел од градот е целосно блокиран, а исто така е оштетена и трамвајската станица. На местото на настанот се присутни парамедици и надлежните органи, а областа на несреќата е оградена со полициска лента, објави Анадолу.

17 годишно девојче остана без нозе

На девојче родено во 2009 година му е ампутирана ногата како резултат на трамвајска несреќа што се случи во Сараево.

Во страшна несреќа на раскрсницата во близина на Националниот музеј, едно лице загина, а две други беа повредени.

Според неофицијални информации, еден маж е загинат, а едно од повредените лица е девојче родено 2009 години на кое му е ампутирана ногата. Таа моментално е во операционата сала во Општата болница.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран