
Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период април / мај и ќе добиваат надоместок по учинок 20 денари за решение и 5 денари за покана.
Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 10 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 25.02.2026 год.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.























