Албанскиот портал JOQ објавува видео на кое се гледа како двајца полицајци снимени во Тетово по краток разговор влегуваат во две возила со две девојки.
,,Вечерва во Тетово, двајца полицајци беа снимени како влегуваат во автомобили со две девојки и се одвезуваат во непознат правец. Снимката не покажува никаква службена акција или мешање, туку ситуацијата изгледа како приватен состанок”, пишува JOQ.
Во дописот до порталот испратен пред два дена граѓанинот пишува:
„Здраво JOQ, имам извештај за тетовската полиција која ги внесува девојките во автомобили… Ви го испраќам ова видео затоа што не ни дозволуваат да се дрогираме на мира.“
Во време кога граѓаните очекуваат ред и безбедност од институциите за спроведување на законот, ваквото однесување ја поткопува довербата и интегритетот на полициската униформа, пишува во објавата.
Во видеото нема видливо кршење на законите од страна на полицајците ниту однесување спротивно на етичките норми.
Од видеото не може да се види дали полицајците биле во патрола или вршеле полициски работи.
Дали ги прекршиле правилата на МВР може да утврдува Внатрешната контрола во министерството.
Видеото што го објавува албанскиот портал на овој линк