УТРО.мк

ВНИМАВАЈТЕ: Еве како да препознаете дали ви е стигната лажна порака за прекршок од СЕЈФ СИТИ

ВНИМАВАЈТЕ: Еве како да препознаете дали ви е стигната лажна порака за прекршок од СЕЈФ СИТИ
Vero

 денеска се испраќаат лажни СМС пораки до граѓани во Македонија за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани од системот „Сејф сити“, со цел да се украдат лични и банкарски податоци.

Пораките изгледаат како официјално известување – се наведува дека возилото е снимено за брзо возење, се додава „број на случај“ и се нуди попуст од 50 проценти ако казната се плати во рок од 24 часа. Во пораката има и линк за „детали“, кој води до сомнителна веб-страница.

Но, станува збор за измама, а има неколку јасни знаци по кои може да се препознае.

Пораките најчесто доаѓаат од странски телефонски броеви, што е прв сигнал дека не се испратени од домашна институција. Дополнително, линковите не водат до официјални државни страници, туку до адреси со необични домени како „.xyz“, кои често се користат за фишинг напади.

Во содржината се користи и тактика на притисок – краток рок за плаќање со попуст, со цел граѓаните да реагираат брзо без да проверат дали пораката е вистинита. Воедно, недостасуваат конкретни податоци за прекршокот, како точна локација, време или детални информации за возилото. Се апелира граѓаните да не кликаат на вакви линкови, да не внесуваат лични податоци и да не вршат уплати. Во случај на сомнеж, информацијата треба да се провери преку официјалните канали на надлежните институции.

Ова не е реален прекршок, туку обид за измама.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран