
Москва не гледа простор Европската Унија да се појави како неутрален посредник во евентуални преговори за Украина, бидејќи, како што тврди руската страна, Брисел веќе се позиционирал како директен учесник во конфликтот.
Ова денес го изјави Родион Мирошник, амбасадор за специјални задачи во руското Министерство за надворешни работи, во интервју за „Известија“.
Тој оцени дека самата Европска Унија со своите постапки се откажала од улогата на можна неутрална сила, што, според него, е клучен предуслов за секое посредување во мировни преговори.
Мирошник нагласи дека европските институции активно обезбедуваат финансиска и воена поддршка за Украина, со што, како што вели, директно придонесуваат за продолжување на воените дејствија.
Според неговата оценка, е нелогично актери кои се инволвирани во поддршката и одржувањето на конфликтот истовремено да се претставуваат како медијатори во негово решавање.
Тој исто така посочи дека од Брисел досега не пристигнале конкретни и јасно дефинирани предлози за излез од кризата, но додаде дека Москва би разгледала каква било заедничка позиција на ЕУ доколку таа биде официјално и единствено претставена.























