УТРО.мк

Проданоски: Денот на македонската азбука е потврда на идентитетот и истрајноста

Проданоски: Денот на македонската азбука е потврда на идентитетот и истрајноста
Vero

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, истакнувајќи дека овој датум претставува еден од најсветлите мигови во македонската историја.

Како што наведе тој, 5 Мај е ден кога македонскиот збор добил своја официјална форма, а со тоа и силна потврда на националниот идентитет.

„Овој датум е сведоштво за истрајноста на генерации македонски дејци кои речиси еден век го градеа патот до кодификацијата на јазикот“, порача Проданоски.

Тој се осврна и на историската улога на големите имиња кои оставиле траен белег во развојот на македонскиот јазик и литература, меѓу кои Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин и Блаже Конески, нагласувајќи дека нивната мисла и дело се темел на македонскиот јазичен идентитет.

Проданоски истакна дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и колективна меморија, култура и духовна суштина на народот.

„Нашата должност е да го чуваме, негуваме и унапредуваме македонскиот јазик со гордост, љубов и одговорност“, порача градоначалникот.

Тој на граѓаните им го честита 5 Мај, со порака дека македонскиот збор треба да остане вечен и достоинствен симбол на идентитетот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран