УТРО.мк

Виноскоп влегува во пролетен ритам со петдневна музичка програма во Градски парк

Виноскоп влегува во пролетен ритам со петдневна музичка програма во Градски парк
Vero

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски дена, Виноскоп ќе понуди комбинација од вечерни настапи, дневна саботна програма, бранч-концепт, познати музички имиња, домашни вина и гастрономска понуда.

Програмата започнува во среда (13 мај) од 18:00 часот, со настапи на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд.

Веќе следниот ден, во четврток, 14 мај, исто така од 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапите на DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле.

Петок, 15 мај, носи продолжена фестивалска вечер, со програма од 17:00 до 01:00 часот. На сцената ќе настапат Карлито, Здравев Мјузик, Огнен и Пауза за ракија, во вечер замислена како вистинско загревање за викендот во Градски парк.

Сабота, 16 мај, е резервирана за целодневно фестивалско искуство, со почеток од 12:00 часот. Под концептот „Блуз и вино“ – бранч, Виноскоп ќе понуди поинаков дневен ритам, со настапи на DJ Бела, Мијата, Камерен оркестар и Пасио Бенд.

Фестивалот ќе заврши во недела, 17 мај, со дневна програма од 12:00 до 18:00 часот и настап на DJ Гоце Саф, како опуштена завршница на петдневното јубилејно издание.

Покрај музичката програма, посетителите ќе можат да уживаат во селекција на вина од домашни винарии, како и во разновидна гастрономска понуда. Виноскоп и оваа година останува место каде што се спојуваат виното, музиката и градската енергија, но овојпат во пролетен ритам и со програма што ја отвора сезоната на дружење на отворено.

Виноскоп ќе се одржи од 13 до 17 мај во Школка, во Градскиот парк во Скопје.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран