УТРО.мк

Полициски службеник уапсен по пријава за семејно насилство

Полициски службеник уапсен по пријава за семејно насилство
Vero

Полициски службеник од Скопје се најде во притвор по сериозен инцидент во семејниот дом, откако е осомничен дека физички ја нападнал својата сопруга.

Според информациите од надлежните институции, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава во итна постапка до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, против 39-годишен вработен во МВР. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „телесна повреда“.

Настанот, како што се наведува, се случил на 2 мај 2026 година, кога полицискиот службеник, кој работи во организациска единица на МВР, физички ја нападнал својата 37-годишна сопруга.

По интервенцијата на органите на прогонот, лицето е лишено од слобода и изведено пред судија на претходна постапка. Судот му одредил мерка притвор во траење од осум дена.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот ќе има и внатрешна епилогa – Одделот за внатрешна контрола ќе иницира дисциплинска постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина, а во меѓувреме се разгледуваат и мерки за негово отстранување од работното место.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран