УТРО.мк

ЈП „Шар“ Тетово со јавно предупредување

ЈП „Шар“ Тетово со јавно предупредување
Vero

Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ упати јавно предупредување до сите деловни субјекти, вклучувајќи трговски центри, автоперални, ресторани и други бизниси, поради евидентирани случаи на кражба на вода и неплаќање на обврските.

Од претпријатието апелираат до корисниците веднаш да престанат со злоупотреби и незаконско користење на водата, нагласувајќи дека во спротивно ќе следуваат строги законски мерки. Меѓу нив се исклучување од водоводната мрежа и поведување соодветни законски постапки согласно важечките прописи.

Воедно, од „Шар“ информираат дека од утре започнува процес на инсталација на дигитални водомери, со цел подобра контрола и спречување на злоупотребите. Секој утврден нелегален приклучок или манипулација ќе биде санкциониран без компромис, согласно законските одредби.

Од претпријатието потенцираат дека водата е заедничко и витално добро и повикуваат на одговорно користење од страна на сите граѓани и правни субјекти.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран