УТРО.мк

Започна доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ во Аеродром: Присуствуваше премиерот Мицкоски

Започна доградбата на училиштето „Гоце Делчев“ во Аеродром: Присуствуваше премиерот Мицкоски
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во општина Аеродром го означи почетокот на доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“, проект што се вклопува во пошироката владина агенда за унапредување на образовната инфраструктура.

При посетата, премиерот порача дека ваквите инвестиции претставуваат континуитет во работата на Владата, чија цел е подобрување на условите за живеење и создавање подобри можности за најмладите. Тој нагласи дека речиси две години по формирањето на Владата фокусот останува на реализација на што поголем број проекти со директен ефект врз граѓаните.

Мицкоски упати благодарност до локалната самоуправа, Советот на општината, Министерството за образование и пратениците, истакнувајќи дека координираната работа меѓу институциите е клучна за реализација на капиталните инвестиции.

Според него, токму ваквите зафати треба да обезбедат подобри услови за учениците, кои, како што рече, се темелот на иднината и идните носители на развојот на државата.

На крајот од настанот, премиерот им упати честитки на жителите на Аеродром и изрази очекување градежните работи да се одвиваат динамично и да завршат во најкус можен рок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран